Ајнтрахт го победи Интер во Милано со голот на Лука Јовиќ во 6 минута од средбата што беше доволно за пласман во четвртфиналето на тимот од Франкфурт.

За Интер уште една неуспешна сезона во Европа , испадна од Лигата на шампионите а се сопна во осминафиналето во Европа лигата, Ајнтрахт е единствениот тим од Германија во четвртфиналето.

Во четвртфиналето пласман обезбедија , Арсенал кој славеше на реваншот со Рен 3-0 на првата средба „топџиите“ загубија со 3-1. Виљареал го елиминира Зенит со вкупни 5-2, на реваншот во Шпанија резултатот беше 2-1 за домашните.