Ждрепката во Нион сакаше во четвртфиналето на Европа лигата да се сретнат Наполи и Арсенал што е дерби во оваа фаза од натпреварувањето.

Двата клуба од Шпанија не се избегнаа , Валенсија и Виљареал се среќаваат во четвртфинале што на „Примера“ и гарантира еден сигурен полуфиналист. Челзи ќе игра со Славија Прага за полуфинале додека Бенфика за противик го доби Ајнтрахт Франкфурт.

Одреден и патот до финалето, победниците од дуелите , Арсенал-Наполи и Виљареал- Валенсија ќе играат за место во финалето, подобрите од дуелите, Бенфика- Ајнтрахт Франкфурт и Славија Прага – Челзи ќе го дадат името на вториот финалист за Баку.

Четвртфинаните натпревари во во ЛЕ се закажани за 11 април, додека реваншите се седум дена подоцна. Првите полуфинални средби се играат на 2 мај, а реваншите се на 9 мај. Финалето ќе се игра на 29 јуни на „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербејџан