Енди Мари го освои турнирот во Лондон

Со 2:0 во сетови британецот Енди Мари го освои завршниот турнир на најдобрите осум тенисери во светот, што се играше во Лондон. Тој го победи Новак Ѓоковиќ и со тоа ја задржа првата позиција на АТП листата.

Ѓоковиќ 2016 ја завршува како втор играч на светот, иако 10 месеци и од оваа година како и претходните две беше број еден.