Ентузијасти го чистеа срамот на народот и институциите на Водно

Група ентузијасти и волонтери и вчера и денеска чистат по невоспитаните и некултурни жители на оваа држава.

На ФБ групата ,,Не биди ѓубре“ се постирани фотографии од последната акција на падините на Водно кај паркингот кон Горно Нерези.

Херои на денот се децата Аника и Матеј кои чистеа со нивните родители и возрасните членови на оваа група волонтери.

Народот овде фрлал буквално се’ што му се нашло при рака.

И додека Македонија се затрупува со ѓубре, малкумина освестени се обидуваат да се спротистават, Владата, премиерот, министрите, градоначалниците, сите директори на јавни претпријатија ДРЕМАТ!