Каратистите на Македонија обезбедија две златни медали на Европското првенство во помлади категории кое се одржува во Данска, ова е историски ден за каратето во Македонија.

Петар Спасеновски и Доан Османи станаа Европски шампиони во У21 во своите категории. Спасеновски во финалето во категоријата -84 гилограми го победи Ади Ѓуриќ од Словачка.

Доан Османи во финалето на -75 килограми беше подобар од Никита Белјавски од Грузија .

За Македонија ова е најсупешено ЕП во помлади категории , претходно Глигор Петков и Бојан Костов се закитија со сребрени медали, Македонија е во топ 10 по бројот на освоени медали на континенталниот собир.