Опозицијата води во најголемиот турски град Истанбул на вчера одржаните локални избори, соопшти Државната изборна комисија.

Резултати според ДИК

По 25 години владеење, АКП на Ердоган ја изгуби власта и во главниот град, Анкара.

Опозицијата победи и во Измир, Анталија и други приморски градови.

Во Истанбул опозицискиот кандидат на Турската републиканска партија, Екрем Имагоглу освои 4.159.650 гласови, додека Бинали Илдирим од АКП освои 4.131.761 глас.

Се чекаат резултатите од 84 гласачки места за кои има приговор.

И досегашните резултати од локалните избори за претседателот Реџеп Таип Ердоган се голем удар и почеток на неговиот крај, коментираат турски политички аналитичари.