Голем дел од турската јавност упати жестоки критики на сметка на претседателот Ердоган заради неговиот јавен ексцес со едно петгодишно девојче.

Во текот на неговиот говор пред приврзаници на АКП партијата, тој здогледа девојче во униформа како плаче и го повика да се качи на бината.

Откако виде дека на нејзината воена униформа го има турското знаме, ја погали па и рече:

,,Ако загинеш во борба, ќе го положиме знамето на неа„.

А потоа го погали и бакна девојчето, па го испрати назад во публиката.

Социјалните мрежи експлодираа.

,,Овој човек е луд“, ,,Тој продолжува да ја велича смртта“, се само некои од коментарите, пренесува Индекс.хр.