Ердоган ќе биде и Премиер и Претседател

Турскиот Претседател  Реџеп Таип Ердоган сам си ја отвори вратата за целосно автократско управување со земјата. Тој ги одобри уставните измени, со што ќе му се овозможат неограничени овластувања и во законодавната и во извршната, но и во судската власт. Референдумот за измените на овластувања на Претседателот на Турција ќе се одржи во средината на април.

Ова е вовед во автократско управување со државата, бидејќи Претседателот, во актуелниот случај Ердоган, ќе биде и премиер , затоа што таа извршна фунција едноставно ќе се укине! Ердоган ќе управува со владата, со државата, нема да ја прекинува врската со партијата, значи и таму ќе биде претседател, потоа ќе ги именува министрите, тој ќе го предлага буџетот и тој ќе го бира мнозинството судии.

Само Ердоган ќе смее да прогласи или да отповика вонредна состојба и да го распушти Парламентот, а исто така законодавниот дом го губи овластувањето да ја преиспитува работата на министрите. Тоа ќе може да го прави само Претседателот односно Ердоган.

,,Турција дојде до пресвртница, го менуваме начинот на владеење. Се надевам дека народот ќе излезе на референдумот на 16 април“-рече Ердоган на еден народен собир.

Сепак, на Парламентот ќе му остане алатката за отповикување на Претседателот, но само доколку за тоа обезбеди двотретинско мнозинство, што е речиси невозможно.

 

Претседателските и парламентарните избори би се одржувале во еден ден.