Ермира Мехмети ја напушти ДУИ

Долгогодишниот член и пратеник од ДУИ Ермира Мехмети на својот ФБ профил најави дека става крај на својата политичка кариера во ДУИ. Таа извести дека јавно поднесува оствака на сите полотички функции во Демократска унија за интеграција, практично со завршување на нејзиниот пратенички осумгодишен мандат.

,,Почнувајќи од денеска, јас, Ермира Мехмети сум слободен граѓанин и не претставувам ниту една партија. Сите симболи и политичка иконографија, ќе бидат отстранети од мојата официјална ФБ страница’-напиша Мехмети.

Мехмети уште како многу млада во 2001 година беше до Али Ахмети кога тој беше политички лидер на ОНА и постојано ги преведуваше неговите изјави или прес конференција. Веднаш потоа, таа стана член на ДУИ на почетокот на нејзиното формирање и постојано беше во врвот на партијата.

Но, таа ја загуби поддршката откако во јавноста излегоа компромитирачки снимки од прислушувани разговори, на кои наводно таа и Муса Џафери имаат жешки телефонски разговори.