„Ер Франс“ ќе отвори нискобуџетска компанија

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ соопшти  дека има намереа да отвори нова нискобуџетска компанија за да биде поконкурентна на пазарот со компаниите од Блискиот исток и другите нискобуџетски ривали.

Новата авиокомпанија се уште нема име, а не се познати ниту линиите на кои ќе сообраќаат нејзините авиони, наведува агенцијата АП.

Генералниот директор на „Ер Франс“, Жан-Марк Жанејак, е решен да го поврати угледот на пазарот по неколку болни години исполнети со отпуштања и реконструкции.

„Се бориме на сите фронтови“, изјавил Жанејак на претставувањето на новиот план и додал дека „статус кво не е никаква опција“.

logo

Во соопштението на матичната компанија „Ер Франс – КЛМ“ се наведува дека новата компанија ќе се фокусира на стратешки важни долги летови, каде моментно „Ер Франс“ се бори со ефтина конкуренција.

Новата компанија ќе понуди економски и бизнис летови на почетокот на следната година од парискиот аеродром „Шарл де Гол“.

Нискобуџетната компанија би ги користела пилотите на „Ер Франс“ кои доброволно би работеле по новите правила. И стјуардесите би биле вработувани по нов систем кој ќе и дозволува на компанијата да „функционира на ниво на трошоците на пазарот“.

er-frans

Француската авиокомпанија се соочува со исклучително високи трошоци, а персоналот во последните неколку години повеќе пати штрајкуваше поради отпуштања и намалување на трошоците.

Синдикалниот лидер во „Ер Франс“, Кристофер Пилет, изразил загриженост дека работниците не ќе имаат исти услови за работа во новата авиокомпанија

„Авиокомпанијата нема да биде нискобуџетска за клиентите, туку за персоналот“, рекол Пилет.