Есенско сонце, од вторник постудено

Првиот октомвриски ден ќе започне со ведро време. Околу пладне од запад постепено ќе се наоблачува, но станува збор за висока облачност, од која нема врнежи. Ветерот ќе дува од југозападен правец, односно од југоисток долж вардарскиот тек.

Mаксималната вредност на температурата без поголеми промени. Низ котлините во источниот регион ќе има вредност 24°С и 27°С, на запад помеѓу 20°С и 23°С, а на југоисток до 29°С.

Првите три дена од месец октомври ќе го продолжат трендот на топло време. Температура низ котлините во источниот регион ќе има вредност 24°С и 27°С, на запад помеѓу 20°С и 23°С, а на југоисток до 29°С.

Сабота ќе биде претежно сончева, а дури кон крајот на денот ќе има наоблачување во западниот регион, кое ќе продолжи и во недела. Можно е во недела приквечер сосема слабо да „подзаврне“ во крајниот југозападен регион.
Понеделник нема да биде сосема сончев ден, а облачнoста постепено ќе прогресира низ земјава.

Во вторник промената на времето ќе биде позначајна. Очекуваме спуштање на значително постудена воздушна маса од север која ќе ја намали температурата. Вторник и среда ќе бидат постудени и пооблачни. Некои значителни врнежи од тоа наоблачување засега не се очекуваат. Максималната температура ќе има вредности помеѓу 13°С и 16°С во котлините во западниот и северниот крај, а на југоисток околу 17°С.

Потоа во наредните денови максималанта температура низ земјава ќе бележи мал пораст и генерално ќе има вредности помеѓу 16°С и 21°С.

Се очекува разведрување кон крајот на наредната недела.

Извор:Метеопро