Есен со ноќни зимски температури

Утрово во нашата земја се измерени температури под нулата, а најстудено беше во Берово со -7 степени, потоа Маврово и Лазарополе -6, Крива Паланка -4, Битола, Прилеп, Скопје, Тетово -3.

Според УХМР највисоки температури ова утро во 7 часот се измерени во Дојран 5 и во Гевгелија 6 степени.

Прогнозата за наредните три дена вели дека во среда ќе биде малку потопло со утрински температури од -4 до 5 степени, а во текот на денот ќе биде сончево со дневни температури од 10 до 19 степени. Во четврток претпладне претежно сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста, којашто во вечерните часови и во текот на ноќта во североисточните, северните и северозападните предели ќе услови врнежи од дожд. Максималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени. Во петок во раните утринските часови ќе има услови за сосема слаб дожд во северните и североисточните предели, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и температура од 8 до 16 степени.