Еуфорична атмосфера на конгресот на СДСМ(видео)

 

По отворениот дел на конгресот на СДСМ, делегатите се повлекоа зад затворени врати, без присуство на ниовинари да ги разгледаат и дискутураат  предложените кандидатски листи на СДСМ. Претседателката на општинската организација  Софија Куновска поднела оставка на функцијата, заради несогласување со некои имиња за кандидати за пратеници од коалициските партнери. Извори од СДСМ за Актуелно потврдуваат дека Куновска била лута затоа што  на листата е Лилјана Поповска  претседателката на ДОМ. Таа рекла дека е невозможно човек кој го подржувал режимот сите години, сега да  е дел од коалицијата која сака да го урне.

И покрај несогласувања и реакции за кандидатските листи, делегатите еуфорично го поздравија лидерот Зоран Заев.

Останува дефинитивното утврдување на кандидатските листи за пратеници, по што ќе се знае дали делегатите ќе ги аминуваат сите кандидати или евентуално ќе се појават некои имиња кои првично ги немаше во објавените листи.