ЕУ го отвора патот за Србија и Црна Гора до 2025 да станат нејзини членки

Претседателот на Европска комисија, Жан Клод Јункер, изјави дека во Стратегијата за Западен Балкан, 2025 е поставена како индикативна година до која Србија и Црна Гора би можеле да станат членки на ЕУ.

Ова се потенцира за да им се даде мотив на овие две земји да забрзаат со реформите.

,,Погрешно е да се мисли дека ова мора да биде така. Оваа година е како потстрек за лидерставата на двете земји напорно да работат, еден вид охрабрување„-изјави Јункер пред претставување на Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан.