ЕУ: Очекуваме Претседателот Иванов да му го даде мандатот на Зоран Заев

По обезбедувањето потписи за мандат за состав на нова Влада, Европската Унија преку својот еврокомесар за проширување Јоханес Хан упати порака до Претседателот Ѓорге Иванов дека сега очекуваат тој да му го додели мандатот на СДСМ.

-0Промените во демократските општества се природни и треба да бидат добредојдени, кога се резултат на кредибилни избори. Прифаќање и почитување на изборните резултати и правото на лидерите да се обидат да формираат влада е знак на зрела демократија. Опструирањето и потценувањето на ваквите напори нема место во еден демократски процес. Затоа очекуваме од сите партии да ги почитуваат демократските принципи и стандарди и да се вклучат конструктивно  кон изнаоѓање на основа за соработување наместо за можности за да се потценат едни со други. Ваквиот пристап ја одведе земјата во криза. Ова мора да се избегнува од сите, без разлика дали се работи за власта или опозицијата.  – се вели во пораката на Хан.