,,Грчките проблеми се и наши проблеми. Ова не е само грчка граница, туку и граница на Европската Унија“.

Ова го изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула вон дер Лајен, по завршување на обиколката на грчата граница со Турција.

,,Овде сум денеска како Европјанка. Сакам да изразам сочувство со мигрантите, но ние мора да ја браниме нашата граница“-рече Лајен.

Таа објави дека ЕУ има издвоено 700 милиони евра помош за Грција за справување со мигрантската криза и одбрана на нејзините граници. Ќе испратат еден воен брод, хеликоптери и стотина припадници на Фронтекс.

Грција исто така ќе добие медицински средства и други материјални потреби за справување со мигрантската криза.

,,Турција не е наш непријател, а луѓето не се средство за остварување на цел. Ние, ЕУ, се држиме заедно и ќе победиме. Ѝ благодарам на Грција што ги држи безбедни нашите граници“-рече Лајен.

Таа ја предводеше европската делегација при посетата на Грција.

Со хеликоптер ја надлетаа грчко-турската граница и се уверија во сложеноста на целата ситуација.