ЕУ ќе прави стратегија за Трамп

Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, освен Велика Британија, се состануваат во Брисел за да разговараат за идното влијание на Доналд Трамп и идните односи со САД, но и со Русија.

Тие, без присуство на новинари на неформална вечера ќе ги разгледаат сите најави што Трамп ги изговорил на неговите предизборни кампањи, а кои може да имаат далекусежни последици за светските односи.

Трамп ветуваше дека ќе ги отфрли трговските договори, се закануваше дека ќе ги затвори границите за муслимани, ќе подигне ѕид со Мексико, но и дека ќе гради блиски односи со Путин.