Еурофарм Работник вечерва во арената „Свислајф Хол“ му гостува на Хановер, прво коло во групата Б .

Хановер важи за фаворит на мечот но екипата од Битола најавува дека ќе направи се да стигне до изненадување.

Михајло Петровски:
Голем хендикеп за нас е што не одигравме ниту еден пријателски натпревар заедно. Немаме многу време, но мора да потенцирам дека без притисок влегуваме во натпеварот против Хановер. Тие се благи фаворити, но нема да излеземе со „бело знаме“. Ќе се бориме и убеден сум дека имаме што да покажеме.

Владислав Остроушко:
Малку време сме заедно, уште се запознаваме и воигруваме. Стјепановиќ дојде пред некој ден, одржавме само неколку тренинзи заедно. Брзо ни доаѓа натпреварот против Хановер, но мотивирани сме да покажеме дека знаеме да играме на ова највисоко ниво.

Ѓорѓе Чирковиќ:
Направивме голема работа, но наш голем непријател ни е времето. Немаме време да бидеме заедно и убеден сум дека оваа екипа ќе изглед подобро во март и април. Татабања, Веспрем и Нексе се екипи кои имаат ист систем од минатата година и полесно им е да ги внесат новајлиите во тој систем.

Еурофарм Работник ќе настапи без повредениот Мемиќ и болниот Пецаковски, но се очекува првите минути за новиот тим да ги одиграат Стјепановиќ, Радоњиќ и Остроушко.

Натпреварот Хановер – Еурофарм Работник се игра од 19-30 часот.