Ракометарите на Еурофарм Работник се поразени од Хановер во Германија со 24-21 во првото коло во групата Б .

Работник одигра одличен натпревар, тимот од Германија победи но не го надигра Еурофарм Работник кој одлично се држеше на овој натпревар.


 Граџан со шест и Кузмановски и Остроушко со по четири постигнати гола најефикасни кај екипата од Битола, кај победничкиот тим, Олсен со седум погодоци најефикасен на мечот. Следната недела, Еурофарм Работник ја пречекува екипата на Татабања.