Жена на прозорец од стан над опожарениот моли за спас

Една повозрасна жена сѐ уште се наоѓа во својот стан кој е над опожарениот во населбата Кисела Вода на улица ,,Народни херои“ број 23.

Таа не може да се симне низ скалите бидејќи целиот влез и ходникот се со густ чад.

Спас бара на прозорецот од купатилото.

Жена бара воздух и спас на прозорец од купатилото од својот стан

Пожарникарите веќе евакуираа неколку деца, а сега се во спасувачка мисија на оваа жена.

Еден пожарникар е повреден, еден стан целосно изгорен,а уште неколку беа зафатени и се со помала материјална штета.

Фото и инфо: Силвана Бркуљан