Жена обезглавена и уште две лица убиени со нож во Ница

Терористички напад се случи утрината во францускиот град Ница, сличен на оној во Париз кога со сечење на главата беше убиен наставник само затоа што зборувал за карикатурите на Мохамед пред учениците.

Напаѓачот, кој е ранет и уапсен, нападнал со нож неколку лица пред катедралата во Ница.

На повозрасна жена ѝ е отсечена главата, другите двајца се избодени со нож.

Полицијата спроведува широка акција и го повика населението да остане во своите домови.