Откако во неделата стапи на сила законот со кои властите во Саудиска Арабија дозволија жените да возат, Асел Ал-Хамад стана првата жена која како дел од мотоспорт федерацијата на Саудиска Арабија возеше Ф1 болид. Станува збор за истиот болид кој финскиот возач Кими Раиконен го возеше кога во 2012 година го освои “Гранд Приџ” во Абу Даби.

“Ги сакав трките уште кога бев дете. Никогаш не сум ни помислила дека ќе се натпреварувам во Формула 1. Се радувам и што гледам млади девојки на патеките” “, вели Асел Ал-Хамад.

Забраната на жените да седнат зад волан беше единствена во светот и поради неа Саудиска Арабија со години беше мета на критики од странските земји кои ја споредувале со Авганистан.

Инаку, Асел Ал-Хамад е бизнис жена која се занимава со дизајнирање на ентериери, а важи и за првата жена во Саудиска Арабија што увезе Феррари.