Жерновски: На кејот на Вардар има обид да се продолжи со изградбата на улицата

Додека е државата во хаос , бескруполозните уништувачи на плоштадот, од утрината се обиделе повторно да почнат со изградба на улица кон објектите кои се наоѓаат  таму.

Еве што напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Центар Андреј Жерновски:

,,На Кејот на Вардар од утрово има нов обид да се продолжи со изградба на бесмислената улица.
Овластениот градежен инспектот на Општина Центар веќе се упати на лице место, за наодите веднаш ќе ја информираме јавноста.
По веќе добро познатото сценарио, избран е ден недела, пред празник, продолжен викенд, рано наутро, кога сите спијат.
Убеден сум дека сето ова е осмислено и организирано со цел да се дефокусира јавноста од немилите настани и дивеењето на насилниците во Собранието на Република Македонија. Истите луѓе и понатаму посакуваат инциденти и судири.
Во контакт сум со сопствениците на угостителските локали на Кејот, се очекува и нивната реакција.“