Жерновски: По оваа слика уште ќе протестирате во одбрана на криминалот?!

Службите на Општина Центар денеска ги пронајдоа изумрените палми. Ова е тажната слика на фрлените половина милион евра во Дрисла-информираше градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

Тој на својот ФБ профил ја пренесе и изјавата на директорот на ЈП ,,Паркови и зеленило“ Душан Авировиќ и праша:

“Од вкупно 138 палми, преживеале само 13 дрвца. Уште кога ни ги донесоа, палмите беа полумртви. Моравме да набавуваме течно ѓубриво од калифорниски црви за да ги одржиме во живот”, изјави директор на ЈП “Паркови и зеленило”.

ПО ОВАА СЛИКА И ПО ОВАА ИЗЈАВА, УШТЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРАТЕ ВО ОДБРАНА НА КРИМИНАЛОТ ?!?-праша Жерновски.