,,Денеска нема ништо да искоментирам за пропаднатиот камион во прескапата градска фонтана, само поради тоа што не сакам да фрлам темна дамка врз прославата што ракометарите на Вардар ја заслужија и радоста што ни ја приредија.
Но, едно знам. Да се случеше ова на некој наш проект во Центар, душата ќе ни ја извадеа, вестите ќе ги почнуваа со тоа, документарци ќе снимаа. Само едно сакам да знаат- секој следен прес на кој ќе зборуваат дека не знаеме да работиме и дека тоа не е квалитетно изведено, ќе им одговорам со таа фотографија.
Но, не денеска, не кога славиме спортски успех. Овој подвиг треба да не’ сплоти и на политички и на меѓуетнички план. Македонија мора да биде нашата заедничка тема и заедничка љубов!“-напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.