Жестоки протести во Атина заради посетата на Обама (видео)

Неколку стотици жители на главниот град на Грција протестираа заради посетата на американскиот претседател во заминување Барак Обама на Грција. Тие ја потиснаа полицијата и дојдоа во непосредна близина на американската амбасада во Атина.

Жестоките протести се одржуваат низ улиците на главниот град и покарај полициската забрана за тоа.

Неколку илјади демонстранти беа изнесени на улиците од комунистичката партија на плоштадот Омонија. Демонстрантите извикнуваа- Обама е непожелен гостин и Не- за учеството на Грција во империјалистичките војни.

Обама е првиот американски претседател во посета на Грција по 1999 година, кога со големи немири беше дочекан Бил Клинтон.

 

ati%d0%be%d0%b1%d0%b0%d0%bc%d0%b0