Хрватскиот член на претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, ја врати познатата уметничка слика со ликот на доживотниот југословенски претседател Јосип Броз Тито во неговата канцеларија во зградата на претседатеслтвото на Босна и Херцеговина во Сараево.

Kонтроверзниот Комшиќ, беше члеен на босанското претседателство од редовите на хрватскиот народ од 2006 до 2014 и сега повторно го доби мандатот, но и тогаш и сега со гласови на муслиманската заедница. Затоа, Хрватите не го прифаќаат како свој претставник во претседателството, а хрватската држава се изјасни дека со него нема да разговара како претставник на Хрватите во Б и Х.

Фото: Комшиќ со српскиот амбасадор во Босна и Херцеговина.

Меѓутоа, со изборот на Комшиќ за хрватски член на претседателството не се согласуваат ниту Бошњаците, бидејќи сметаат дека е неправедно за Хрватите  да добијат бошњачки гласови во држава која е конципирана како федерација на ентитети.

Со овој последен потег, враќањето на Тито во босанското претседателство, Комшиќ ќе предизвика повторно лавина коментари и негодување, посебно на Хрватска и Хрватите, коментираат регионалните медиуми.

Ал Џезира Балканс објави интересно гледање за овој потег на хрватсскиот член на претседателството.

Тука