Премиерот на Република Македoнија, Зоран Заев,  оствари средба со Наташа Кандиќ и Жидас Даскаловски, претставници од регионалната иницијатива РЕКОМ.

Гостите, од името на коалицијата на повеќе од 2000 граѓански организации од регионот, побараа од Претседателот на Владата на Република Македонија, поддршка за нивната иницијатива, да се формира регионална комисија составена од комесари од сите земји на Балканот кои преживеале војни и конфликти во периодот 1991-2001 година, со цел да се утврди точниот број на загинати во конфликтите, по што, според нив, би требало да се отпочне со процесот на помирување на земјите од регионот.

Премиерот Заев изрази уверување дека владата ќе ја поддржи оваа идеја, затоа што е во согласност со заложбите за градење пријателства, и добрососедски односи, заложби кои владата ги потврдила со повеќе иницијативи во регионот.

Поздравувајќи ги напортите на РЕКОМ, и нивната истрајност во проведувањето на идејата, која трае повеќе од 10 години, премиерот Заев нагласи дека ваквото помирување може да биде само од помош кон остварувањето на поголема соработка на земјите од регионот и отварање на вратите на заедничката иднина.

– За нас е исклучително важно сите да ја поддржат ининцијативата на РЕКОМ. Сите сме свесни дека мора да ги доведеме процесите кон помирување затоа што само така ќе сме подготвени за иднината на нашите народи – рече премиерот Заев на средбата.

Иницијативата на РЕКОМ, на овогодинешниот Самит на Западниот Балкан во Трст е ставена во декларацијата на Европската Унија, а со тоа стана и дел од Берлинскиот процес.

 

Изразив уверување дека Владата ќе ја поддржи оваа идеја, затоа што е во согласност со заложбите за градење пријателства и добрососедски односи, заложби кои владата ги потврдила со повеќе иницијативи во регионот.(соопштение на Влада на РМ)