Жителите нетрпеливи бараат брза санација на мостот на Вардар кај Демир Капија

Реконструкцијата на оштетениот мост на Вардар кај Војшанци внесува нервоза кај околното население
Многу нервоза,повеќе километри и дополнтелни трошоци ги чинат жителите на демиркапиското село Бистренци, заради реконструкцијата на мостот кој е доста оштетен и опасен за возење .
-„За да стигнеме до Неготино од Бистренци, порано минувавме преку овој мост, а патот е долг околу 16 километри. Сега за да стигнеме до градот треба да заобиколуваме преку селото Корешница и Демир Капија и сега видете колкава е цената за тоа.Нашата пресметка покажува дека сега имаме плус десет километри во еден правец“, велат жителите на ова село.
На уште поголема километража до Неготино посочуваат и жителите на соседното село Војшанци, кои порано за да стигнат до градот минуваа по мостот, кој веќе  се реконструира. Велат кога е убаво и суво времето тие можат да патуваат по тампонираниот пат преку селото Пепелиште, но проблем се јавува кога времето не им е погодно, со дожд и снег, па се принудени да заобиколуваат низ Демир Капија.
Решение  нашле организирано со комбе да одат до едната страна на мостот, потоа го минуваат пеш, па потоа организирано од другата страна продолжуваат со друго комбе. Додека на мостот се санира оштетувањето истиот е забранет за употреба, а заобиколуваат оние кои сакаат да патуваат со сопствено возило.
-„ Знаеме дека е ризично, луѓето одлучуваат да минуваат на сопствена одговорност, иако мостот е затворен за движење“, велат нашите соговорници.
Мостот е забранет за користење од страна на Македонија пат,по налог на тим од неколку надлежни субјекти,бидејќи се работи на негова санација . Според директорот на Агенцијата за државни патишта Александар Стојанов, се прави се реконструкцијата да завши најбрзо што може.
-„Се што е во наша надлежност ние правиме, интензивно се работи на терен и зависно од временските услови и нивото на реката Вардар, работите ќе бидат завршени најбрзо што може, категоричен е Стојанов. Според него, последните четириесет, педесет години на овој мост не биле изведувани никакви градежни активности.Тој ги замоли луѓето да имаат трпение да се заврши реконструкцијата и после тоа ,е уверен дека нема да имаат никаков проблем во наредниот период.
Билјана Н.Тошевски