Жители на Усје се жалат на квалитетот на водата, бела како млеко и со чуден вкус

Вака изгледа водата за пиење од чешмите во скопската населба Усје. Жителите кои ни ја испратија оваа фотографија, велат дека неколку недели имаат проблеми со водата за пиење, покрај тоа што често заради разни интервенции или дефекти по неколку часа во денот воопшто и немаат вода.

Но, откако ќе дојде, водата е со бела боја и со чуден вкус, па велат воопшто не може да ја пијат.

Загрижени се за своето и здравје и бараат надлежните да го испитаат кваилетот, или барем да соопштат за што се работи.

Изминатите денови неколку стотици граѓани на Гостивар се пожалија на стомачни тегоби, дијареа и повраќање, но, иако имаше сомневања дека проблемите доаѓаат од водата за пиење, анализите покажаа дека таа е исправна.

Се уште не може да се утврди што ги предизвикало стомачните проблеми кај гостиварци.

АКО.мк