Журки и дружење по паркови може, школо не!

Земјите во регионот, но и пошироко, подготвија протоколи во текот на летото и ја стартуваа школската година и покрај зголемениот број на заразени од Ковид 19 во изминатите два месеца. Велат, ризикот е пресметан и минимален.

Сите ученици и наставници задолжително носат маски, одделенијата се преполовени, училишниот ден продолжен, часовите скратени, влезовите на училиштата активирани за да се минимизира контактот меѓу учениците.

Голема улога во целиот процес имаат и родителите кои учествуваат активно и мора да придонесуваат кон безбедно одвивање на наставата.

Почеток на школската година во Босна и Херцеговина

Новата учебна година започна во неколку земји во регионот на Балканот и Централна Европа со прилагодени модели на настава и зголемено ниво на заштита за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во Босна и Херцеговина, учениците од основните училишта до четврто одделение се вратија во училниците во ентитетот Република Српска и во кантоните Сараево и Горажде, со пократки наставни периоди и часови со 15 ученицинти, строги хигиенски мерки и задолжителни носење маска.

Постарите ученици од основните училишта, како и средношколците ќе ја следат наставата преку Интернет. Останатите осум кантони во Федерацијата следната недела ќе ја започнат учебната година.

Во Србија, повеќето родители одговорија на прашалникот со изјава дека сакаат нивните деца да се вратат во училиштата, каде часовите ќе траат 30 минути, а учениците ќе бидат ограничени на групи од по 15. Министерството за образование ќе ја проценува ситуацијата на секои 15 дена. Нема да има училишни екскурзии и спортски активности на затворено.

Училиштата во Србија целосно ги отворија вратите и стартуваа со настава, па дури и оние во најзафрлените делови од земјата.

Школа са пет ђака у Товрљану једина је у парку природе Радан планине

Posted by Internet portal RTS-a on Tuesday, September 1, 2020

Во Турција, наставата преку Интернет започна во понеделник и училиштата постепено ќе се отвораaт за настава до 21 септември, но деталите сè уште не се познати бидејќи зголемувањето на бројот на случаи со КОВИД-19 ја зголеми неизвесноста за новата учебна година.

Унгарија и Молдавија исто така ги отворија повеќето училишта за ученици во вторникот, со задолжително носење маски и други мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Во Хрватска, следната недела ќе започне новата учебна година според планот за одржување на физичкото растојание, намалување на контактот помеѓу часовите и подобрување на личната хигиена. Градинките сепак се отворија во вторникот.

Во Албанија учебната година ќе започне на 14 септември, додека во Северна Македонија властите ја одложија за еден месец, односно за 1 октомври.

Вчера беа објавени протоколите за физичко присуство на настава во училиште, но нема најава дали е можно школската година да почне порано од најавеното, 1 октомври.

Токму ваквиот став на Владата, за одложување на училишната година, и снимките кои се појавуваат од млади како се забавуваат без дистанца и протокол наоколу, ги разгореа страстите на јавноста, но на социјалните мрежи.

Ова е снимка од журка во Т. Ц Бисер во населбата Аеродром:

1 СЕПТЕМВРИЕве кај ви се средношколциве, мизерија!!!

Posted by Нина Бојаџиска on Tuesday, September 1, 2020

Ако.мк