Градот кој попладнето паѓаше во Преспанскиот регион, ги забеле улиците низ селата. Оваа фотографија е од селото Евла, кое буквално побеле како да паѓал снег.

Жителите на Преспанскиот регион се жалат дека е причинета голема материјална штета на овошките и земјоделските производи. Очекуваат надлежните органи да се заинтересираат, да излезат на терен и да помогнат околу санирање на штетите.

Ресенчани велат дека градот бил со големина на орев, а сето она што остана по пролетните мразеви, сега е дотолчено од градот.

 Со невремето беа зафатени селата Царев Двор, Болно, Г.Дупени, Евла, Покрвеник и други предели. Втора година по ред родот е уништен од природните непогоди, а Преспа е сардисана од сиромаштија, се жалат жителите од овој крај.
АКО.мк