Забранет сообраќај на повеќе патни правци во источна Македонија

(обновено)Последен извештај на АМСМ од 8 часот и 45 минути:

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ:Денес од 07:50 час.регионалниот пат Кратово- Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Свети Николе е во прекин за сите видови на возила поради наноси од снег на патот.

Од 22:35 часот повторно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: ОД 08:00 часот патниот правец Крупиште-Пробиштип е прооден.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.

—————————————————————————————————
Последен билтен на АМСМ за состојбата на патиштата за 07.01.2017 година од 7 часот и 30 минути. Затворени за сообраќај се повеќе делници во источна Македонија.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Куманово – Свети Николе е во прекин за сите видови на возила поради наноси од снег на патот.

Од 22:35 часот повторно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 07.01.2017 година од 07:00 часот на патниот правец с.Крупиште-Пробиштип е воведена забрана за сите видови сообраќај. Сообраќајот на патниот правец Штип-Кочани се одвива по една коловозна лента.

Сообраќајот на патниот правец Куманово – Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово, Ѓавато, патен правец Крива Паланка- граничен премин Деве Баир и патниот правец Велес-Катланово.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.