Завеани возила и патишта низ Македонија,сообраќај во прекин, снежни наноси

Сообраќајот низ цела држава се одвива во тешки зимски услови и со затворени сообраќајници, завеани возила на повеќе патни правц,и, силен ветер и наноси од снег.

Последниот билтен на АМСМ :

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Патнит правец од Штипска петља до Катланово целосно е затворен за сите видови на патнички и товарни возила.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Денеска од 06:00 часот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Денеска од 04:45 часот на Автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула воопшто не е во можност одвивање на сообраќајот каде има заглавено повеќе возила. На регионален пат Тетово – Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин.

ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ: Во 02.30 ч се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Катланово-Велес и обратно. Забрани за сообраќај за ТМВ има и на планинските превои Стража,Маврово,Пресека, Ѓавато ,Буково, К.Паланка – граничен премин Деве Баир и Струга – Ќафасан.

ИНФОРМАЦИЈА: Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес се одвива отежнато и по една коловозна лента.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково

АМСМ предупредува да не се тргнува на пат без поголема потреба , да се внимава и да се носи задолжителната зимска опрема.

Патници кои изминатата ноќ беа во колоната завеани возила на автопатот Велес-Скопје, со своите телефони ја регистрираа состојбата.