Заврши времето Груевски-Мијалков-Вељановски

Демократските процеси се почнати и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не смее повеќе да врши насилство на парламентарната демократија-реагира СДСМ.

,,Тоа што тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ говори во име на нивните пратеници во Собранието, на кои им е наложено да ги кочат парламенарните процедури, за ги бранат криминалните интреси на Никола Груевски и неговата фамилија, покажува дека на Македонија и се итно потребни промени.

Мнозинството граѓани на кредибилни избори се изјаснија дека не сакаат повеќе Собрание што работи спротивно на Уставот, законите и Деловникот, што значи спротивно на нивните интереси.
Не сакаат собраниски претседател кој во соработка со полицијата исфрлува нивни претставници и новинари од Народниот дом.

Рекоа Не за влечења и насилства во Собранието коешто мора да биде гарант на почитувањето и на уживањето на човековите слободи и права, а не на нивно прекршување.

Заврши времето на изживувања нарачани од Груевски и спроведувани преку Јанкулоска-Ставрески-Мијалков-Велјаноски!

Гласот на 700.000 граѓани е преточен во 67 пратеници и тоа е новото парламентарно мнозинство коешто ќе го врати достоинството на пратениците и на Парламентот во Македонија.

Собранието на Република Македонија ќе биде носител на клучните реформски процеси што ќе овозможат квалитетен живот за граѓаните и евро-атлантска иднина на Македонија.

Во Парламентот ќе биде избрана новата реформска Влада, којашто заедно со Парламентот ќе овозможи на граѓаните и на Македонија да одат напред, со зрели и одговорни политичари, кои го следат гласот на граѓаните“-се вели во соопштението на СДСМ.