Загадувањето кај Ректорат урива рекорди

Во 20 часот на 20.12. 2016 кај Ректорат во Скопје се измерени дури 981 mg/m3!

Максимално дозволена концентрација на ПМ честички на метар кубен е 50 милиграми.

Досега не се преземени никакви мерки за намалување на загденоста, ниту пак се изречени некакви казни за некого.

СДСМ денеска предложи сет мерки и тоа:

1. Веднаш да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓани на Скопје.
2. Под итно, времено да се запрат сите градежни активности на територијата на градот.
3. Да се воведе времена мерка за обврска од најмалку тројца патници во еден автомобил, a во спротивно автомобилот да биде исклучен од сообраќајот.
4. За да се заштитат децата и нивното здравје, училишниот распуст да почне порано од предвиденото.
5. Наместо греење за демонстрантите пред ДИК, власта да обезбеди греење за социјално најранливите категории на граѓани.