Загинал одејќи на митинг на ВМРО ДПМНЕ,телото го оставиле на патот

МВР на 21 ноември во својот билтен информираше за случајот на трагично починатиот Седад Асановски, но во рутинскиот извештај нема детали ниту каде точно, ниту што се случувало откако  загинал симпатизерот на ВМРО ДПМНЕ.
Во соопштението стои дека околу 18 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода во која Н.С (52) од Тетово, управувајќи „Мерцедес“ со скопски ознаки, удрил во пешакот С.А. (40) од Скопје. Во незгодата, пешакот  починал на самото место.
Увид извршил и Јавен обвинител.
Телевизија 24 Вести денеска го посетила семејството на загинатиот во семејната куќа во Батинци.
batinci
Тие велат дека Седат тргнал на митингот во Охрид со организиран превоз, но најстрашно од се според братот на загинатиот е што откако го удрило возилото сопартијците го оставиле телото на патот и си продолжиле на митингот.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека не се запознаени со овој случај, но доколку навистина е така бараат МВР и Јавното обвинителство да го расчистат.
Делува морбидно, но оваа случка кај село Колари е вистината, вели за 24 Вести братот на загинатиот Седад Асановски.
Несреќниот 40 годишен човек загинал откако на паузата која ја дал возачот на автобусот го удрило возило.
Веќе четврти ден  неговото семејство се обидува да дознае што точно се случило во понеделникот на 21 ноември,но  никој од  партиите од коалицијата во чие име Седат тргнал на митингот, ниту од некоја од институциите не дошле да ги прашаат за случајот или пак  да им понудат било каква помош.
„Таа вечер, еден негов пријател го викнал друштво да му прави за митингот во Охрид, возел автобус од Шутка, не знам од каде тргнал. Застанале на Стража и не знам кој бил виновен. Тој преминал да изврши нужда и наишло комбето и го удрило и на место бил мртов. Од страна на власта не дошол никој да ни изјави сочувство. Тоа е срамота. Стока да се утепа па треба да се извести“ – вели Бари Асановски Брат на починатитот Седад за 24 Вести.
Не се знае ниту колку време безживотно тело било оставено на патот.