Загинати и повредени во пожар во клуб во Оукленд

 

Најмалку 9 загинати и десетина исчезнати, повеќе повредени е трагичниот биланс од пожарот кој проголта еден ноќен клуб во Оукленд во Калифорнија. Во клубот се наоѓале околу 100 луѓе, а повеќе од 55 пожарникари го гасеа разбеснетиот оган.
Во просториите на клубот се одржувала забава, а огнот избувнал околу полноќ.
Оние што успеале да го напуштат клубот оставале пораки на неговиот  ФБ профил, но и поставувале слики за луѓето за кои се страхува дека останале заробени внатре.