Загинати и ранети во експлозија во фабрика во Крагуевац(видео)

В о  Техничко-ремонтниот  завод во Крагуевац во Србија во пожар, по што дошло до експлозија во одделот каде што се врши ремонт на муниција, загинал потполковник на Војската на Србија, а 25 припадници на полицијата и војската се повредени. За три лица кои учествувале во гасење на пожарот, се уште се трага. Министерот за одбрана на Србија изјави дека постои опасност од нови експлозии.