Загина американскиот кошаркар Коби Брајант

Американската кошаркашка легенда Коби Брајант загина во пад на хеликоптер, јавуваат американските медиуми.

Според пишувањето на Си-Ен-Ен, Брајант загинал во местото Калабасас во Калифорнија, а со него имало уште 4 луѓе, кои исто така настрадале.

Тој од 1996 до 2016 година играше за славните Лејкерси.

Таму ја заврши својата блескава кариера во НБА .

Пет пати ја освојуваше лигата.

Со репрезентацијата на САД ги освои олимписките игри во Лондон и во Пекинг.