Рано изутрина околу 7 часот, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина моторџија. Несреќата се случила на потегот во близина на мостот ,,Близнак“, во Ново Лисиче, на булеварите ,,Асном“ и Србија“.

Според некои медиуми, се работи за 41 годишен мотоциклист, кој починал на местото на несреќата по пад од мотор.

Во несреќата најверојатно учествувало уште едно возило.

Порталот Плусинфо објави фотографија, постирана на ФБ, на фејсбук страницата ,,Ѕид на сообраќајниот срам“.