Загина планинар од Македонија по пад во бездна на планината Олимп

Македонски планинар го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во бездна, јави државната агенција МИА.

Според информациите на МИА, група од девет лица од Македонија, планинареле на Олимп, а се претпоставува дека на починатиот му се слошило или добил срцев удар пред да падне во бездната.

Во потрагата и пренесувањето на телотона трагичнозагинатиот од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.