Загрепчанка спаси инвалид од автомобил потонат во поплавените улици во големото невреме(видео)

Хрватска активистка за заштита на напуштени кучиња, Мирна Мрчела, преку ноќ стана херој на Загреб откако во завчерашното невреме што го погоди овој град, извлече инвалид од неговиот автомобил кој потонал речиси целосно во поплавената улица под еден надвозник.

Мирна ги шетала своите вдомени кучиња низ улиците на Загреб, но во еден момент слушнала како женски глас некому довикнува да излезе од автомобилот.

Автомобилот целосно бил прекриен од насобраната вода од силниот дожд, а човекот внатре останал во него блокиран.

Таа ги заврзала своите кучиња и тргнала низ далабоката вода, а во еден момент и морала да плива низ неа.

Ја отворила вратата од автомобилот, но тогаш забележала дека возачот е без нога. Успеала да го извлече, а потоа нурнала и ја зела и протезата на несреќниотчовек.

Во меѓувреме пристигнале и пожарникарите и му помогнале на човекот, а и на Мирна.

На овој линк можете да ја видите и средбата меѓу Мирна и Јосип.

dnevnik.ba