Загрозена безбедноста на 50 милиони корисници на Фејсбук поради хакерски напад

Фејсбук извести дека неговата мрежа е нападната од хакери кои успеале да дојдат до податоци на 50 милиони корисници.

Компанијата призна дека е пробиен нејзиниот безбедносен систем, по што напаѓачите на мрежата успеале да ги преземат налозите речиси на 50 милиони корисници.

Повеќе од 90 милиони корисници на Фб утрината мораа да се одлогираат и повторно да ги внесуваат своите пасворди.

Тоа е една од мерките за заштита на профилите кои биле цел на хакерски напад.

Фејсбук тврди дека веќе ја вратиле безбедноста на мрежата, но не знаат сѐ уште кој стои зад хакерскиот напад.