Заев:Кога преговараше со Груевски Ахмети не бараше ништо на писмено

Тачи очигледно не бил во државата последниот месец, рече Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Собрание на РМ. Така ја коментираше изјавата на Мендух Тачи дека Ахмети и Груевски веќе имаат договорено нова Влада. Заев го потсети Али Ахмети дека ништо не му барал на писмено како доказ на Груевски кога преговарале 20 дена .

– Зборот е збор. Било да е усно кажан или на писмено. Ќе им ги дадеме материјалите на ДУИ, ќе сториме сè да се заврши процесот на собирање  потписи за формирање Влада. Но, сакам да потсетам дека кога преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, тој на Груевски ништо не му побара на писмено – изјави Заев .

Отворени сме за соработка, рече Заев, но сепак трпението има црвени линии, а потоа партијата ќе донесе свои одлуки.