Заев:Нека не ве раскаруваат,со Груевски редовно комуницираме

 

,,Јас и Груевски не се гледаме преку нишан на пушка.

Нема вперени пушки помеѓу нас. Седнувавме на маса, разговаравме баравме решенија. Ние бевме во телефонска комуникација за време на молкот и за време на кампањата. Немојте да верувате дека нешто врие во врхушката на политичките партии, не наседнувајте на провокации, не се закрвувајте меѓу себе,,-им порача денеска на симпатизерите на сите политички партии од Битола Зоран Заев.

,,Сакам да испратам порака до сите граѓани, навистина, да не посегнуваме по глупости и по незаконски работи. Заврши времето на делби и поделби. Еве, после победата, испраќам порака. Никому влакно од главата нема да му фали. Никој нема да изгуби ништо. Можат граѓаните само да добијат. Доста ни е од делби и поделби, по било кој основ во нашата Македонија.

Треба да знаат, заради тоа што некој ги индоктринира, да се однесуваат некои поединци лошо и незаконски,не наседнувајте,,-рече Заев.

,,Доаѓа време кога судовите ќе носат одлуки. Ние политичарите не треба да бегаме судовите. Таму имаме право да ја докажеме нашата невиност или да се потврди вината. Што и да е,  Македонија влегува во мирни води каде што сплотено и здружено, сите граѓани на оваа земја треба да ја градиме нашата Македонија и да го вратиме животот за сите. Потенцирам, за секој граѓанин на оваа наша Македонија.

Ова е Европската конвенција за човекови права. Оваа конвенција можат да ја користат и уживаат сите граѓани на Европа. Ова е иднината на Република Македонија и граѓаните на Македонија ќе ја уживаат оваа Европска конвенција. Оваа конвенција ќе биде основата на идното дејствување на новата влада. Европската конвенција за човекови права, ќе биде платформата на која ќе се создаде новото парламентарно мнозиниство и основата на дејствување на идната влада на Република Македонија.

Сакам граѓаните да знаат дека конечно оваа Европска конвенција ќе биде водилка за современата македонска држава. Сето она што овие 10 години беше уништено од режимот. Овде се запишани сите човекови права кои ги почитува целиот демократски свет, ќе се водиме од нив и ќе ја создадеме платформата за враќање на животот во Македонија кој ќе биде подеднакво важен за сите граѓани. Уште еднаш апелирам на спокој на сплотенсот, на единство, на здруженост.

Државните институции имаат обврска транспарентно да донесат одлука и се пополека со трпение ќе биде во нашата Македонија. Не ни требаат делби и поделби потенцирам уште еднаш, заврши тоа време,,-рече Заев во Битола.