Вечерва во Владичин Хан во соседна Србија, се одржа свеченост и се отвори најтешката делница од коридорот 10 во Грделичка Клисура.

Свое обраќање имаше и македонскиот премиер Зоран Заев, кој искажа голема благодарност за поканата да присуствува на овој значаен чин за Балканот , но и воопшто за Европа во областа на инфраструктурното поврзување.

Заев им одаде признание на раководството на Србија и градежниците за исклучителниот успех и пробивањето на најтешката делница, со што сега Србија е поврзана целосно со автопат до границата на Северна Македонија.

Најдолгиот мост кај Владички Хан

Заев истакна дека овој голем потфат е од исклучително значење и за Македонија.

,,Македонскиот народ ве сака, го сака српскиот народ, сакаме блиска соработка со вас“-рече Заев.

На свеченоста покрај претседателот и премиерот на Србија, присуствува и Милорад Додик од Република Српска, како и дипломатскиот кор во Србија.