Заев верува дека правдата доаѓа

Денеска со моите бранители сум овде пред судот, се води постапка за случајот познат на јавноста како „Поткуп“. Случај кој што според нас е апсолутно монтиран политички процес против шефот на опозицијата и тргнавме денес во постапка токму тоа да го докажуваме. Јас сум овде да барам правда и верувам дека правдата ќе дојде. Како за мене, така и за сите кои што ја бараат правдата-рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по одложеното рочиште за овој судски процес.

Тој рече дека неговиот правен тим барал  изземање на јавниот обвинител, заради тоа што постојат сериозни индиции дека е дел од група, злосторнички организирана, со политичка мотивација и политички цели.Но, како што рече Заев,  јавниот обвинител тоа го одбил. После чекање  два часа за одлука, решението беше дека нашето барање се одбива, истиот обвинител е и за случајот  „Пуч“-рече Заев.

Тој одговараше и на новинарски прашања. Рече дека очекува мандатот за состав на нова Влада да ја добие онаа партија што ќе обезбеди 61 пратеник. Заев рече дека тој е должен како политичар да им верува на институциите, а тоа се однесува и на Управен суд-рече тој.