Заев: Владата идната недела ќе предложи нов текст на Закон за Јавно обвинителство

По откажувањето на лидерската средба поради одбивањето на Христијан Мицкоски да учествува на неа, премиерот на прес конференција најави дека идната недела Владата ќе предложи нов текст за Јавно обвинителство.

Со овој закон трајно се решава иднината на СЈО.

Суштинските делови на овој предлог закон се дека СЈО се интегрира во Основно јавно обвинителство и добива нов назив Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Ова јавно обвинитеслтво ќе има надлежност на територија на цела РСМ.

Новото јавно обвинителство ќе биде водено од обвинителката Вилма Рускоска, која во оментот го води ЈО за организиран криминал и корупција , а сите обвинители од СЈО ќе бидат под нејзина надлежност и ќе бидат дел од новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Сите обвинители по истекот на нивниот мандат во септември ќе може да побараат нов мандат како и сите јавни обвинители во државата.

Сите случаи кои се во судовите ќе продолжи да ги застапуваат обвинителите како и досега.

Сите вработени од СЈО преминуваат во новото Јавно обвинителство.

Со новиот закон за Јавно обвинителство се исклучува секаква можност на политичко влијание.

Првиот човек на новото ЈО ќе може да се разреши со двотретинско мнозинство од членовите на Судски совет.

Јавниот обвинител на РСМ нема да има право да се меша во работата на Јавниот обвинител на новото Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

Заев рече дека по оставката на Катица Јанева и овој нов текст на закон за ЈО, нема изговор за блокирање на реформите во правосудниот систем.