Заев во Брисел на одделна средба и вечера на премиерско ниво организирана од Федерика Могерини!

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мандатар за состав на новата Влада на Р.Македонија e во работна посета на Брисел-известуваат официјално од оваа партија.

Вечерва е предвидена одделна средба на претседателот на СДСМ и мандатар Заев, со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.

Претседателот Заев е поканет и ќе биде присутен на вечерата што ја организира високата претставничка на ЕУ Могерини во Брисел, со шест премиери на Влади од Балканот, меѓу кои е и претседателот на СДСМ Зоран Заев, како мандатар за составување на новата Влада во Македонија.

Тема на состанокот, како што е најавено се состојбите во регионот и заедничкиот напредок.